Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, изјави дека решението дефинирано во триаголникот Брисел-Белград-Приштина го избегна најлошото можно сценарио за Србите и за сите кои работат и живеат на подрачјето на Косово и дека нивните интереси се заштитени во многу тешки околности.

„Го поздравувам овој договор и им честитам на српските преговарачи за нивните напори и постигнатиот резултат. Грижата за луѓето останува главен приоритет на политиката на претседателот и Владата на Србија. Го поздравувам ангажманот на претставниците на Европската Унија, САД и пошироката меѓународна заедница за решавање на проблемите предизвикани од едностраните и некоординирани дејствија на владата на Курти“, нагласи Ѓуриќ, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Според него, спроведувањето на другите договори од дијалогот, а особено спроведувањето на потпишаниот и ратификуван договор за формирање на Заедницата на српски општини, не е само право на српскиот народ, туку и неопходен чекор за да се обезбеди дека во иднина меѓуетничките и институционалните односи во Косово ќе бидат подобри и помалку зависни од нечија самоволност.

Во Косово вчера почнаа да го спроведуваат законот за странци и за возила. Србите кои работат и студираат на Косово ќе добијат дозволи за престој за почетен период од една година, додека Србите кои живеат во Косово ќе имаат три месеци да добијат документи издадени од Приштина.