Српскиот премиер Ѓуро Мацут утрово за РТС изјави по повод година дена од работата на Владата што изминува следната недела, дека „сите во владата се под анализа“, но и дека на Србија и недостасува желба за политички консензус, Тој изрази надеж дека во консултации со претседателот на државата ќе се постигне консензус во врска со тоа што е најдобро за Србија.
Мацут изрази жалење што одредени партии од опозицијата не сакаат да учествуваат во тие разговори и нагласи дека дијалогот е клучен.
Тој изјави дека „во целина е задоволен од динамиката на владата, но дека е потребна поголема координација меѓу поединечните министерства бидејќи се случува две или три да работат исто“, како и дека секогаш постои можност и потреба да се подобри нејзината работа.
Српскиот премиер додаде дека е незадоволен во Владата од „како некој работи“, дека „се обидува да им го укаже тоа, понекогаш со малку поостар тон, понекогаш со пријателски разговор во кабинетот и на владини состаноци“.
„Голема среќа е што добар дел од министрите се експерти кои работат во владата со децении, па природно стигнаа до позицијата да ги преземат позициите на министри, или се експерти во своите професии. Значи, гледано во целина, тоа е добра целина, но секогаш постои можност да се подобри. Секој е под лупа, нема никој што е издвоен, ги следам активностите на министрите и можам да знам кој што прави во секое време“, рече Мацут.
Тој исто така рече дека „постои висок степен на усогласеност со државните цели, Србија е пред сите, ова е влада која функционира во патриотска смисла“.




