Во тетовскиот регион до 10 часот најголема излезеност за претседателските избори има во општина Јегуновце каде гласале 4,1 процент или 426 лица од регистрираните 10.171.
Во Тетово излезеноста е 3,58 проценти или гласале 2.986 од 83367 граѓани. Во Боговиње излезноста е најмала, 1,78 проценти, односно гласале 492 граѓани од 27.501, во Желино гласале 4.289 луѓе или 1,82 процента. Шестотини и триесет граѓани или 2,8 проценти излегле на гласање во Теарце, а од 15.268 граѓани во Брвеница гласале 562 или 3,68 проценти.