По успешното спроведување на кампањата „Гласна и храбра“ во 2023 година со цел подигање на свеста за важноста од добросостојба на жените и нивно економско зајакнување од страна на Министерството за труд и социјална политика, предводена од министерката Јованка Тренчевска, оваа година се спроведува продолжението на кампањата – „Гласна и храбра 2“. Овој март кампањата е со фокус на жени со невообичаени професии и жени земјоделки.
Во рамки на активностите на кампањата беа спроведувани средби со жени и посети на нивните мали бизнис иновации.
Со цел да продолжи одекот на кампањата денес во Општина Валандово дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со поддршката на градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов во паркот во Село Удово беа посадени садници со зимзелени дрва.
На акцијата за пошумување беа присутни и Заменик на претседателката на Владата, задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска, Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, Министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Директорка на управа за јавни приходи, Сања Лукареска.
Министерство за труд и социјална политика