Целта според премерот е достижна и реална, а за да се оствари како што кажа, потребна е целосна мобилизација на сите општествени сили, вклучително и на опозицијата.
-Целта ни е да ги завршиме преговорите во 2030 година. Тоа е реално и достижно. Сигурен сум дека во следното проширување на ЕУ ќе биде и Македонија. Тој процес, секако, ќе заврши со заштита на нашите интереси. Структурата на преговарачкиот тим е договорена и тој има целосна доверба во капацитетот на Секретаријатот за европски прашања да ги води и координира преговорите со Унијата, како и да се носи со сите предизвици. – Димитар Ковачевски – Претседател на Владата.
Преговарачкиот тим со Унијата ќе го води Вицепремиерот за евроинтегации Бојан Маричиќ. Појаснувајќи ја преговарачката структура, Маричиќ кажа дека покрај главен и заменик преговарач, ќе има и Комитет за преговори со кој ќе претседава премиерот, државна делегација за преговори на чело со шефот на дипломатијата Османи, а дополнително формирани се работни групи и помошни тела поделени по кластери. Во наредните денови како што кажа тој, ќе се дефинира и улогата на опозицијата.
-Заради важноста и улогата на Собранието, неговата одлука ќе се дефинира со меѓусебен договорен акт во кој ќе биде дадена и дефинирана улогата на опозицијата. Во наредните денови се планирани средби со претседателот на националниот совет за евроинтеграции за што подаваме рака и опозицијата да се вклучи во овој процес.-Бојан Маричиќ – Вицепремиер за евроинтеграции.
Маричиќ додаде и дека Македонија е целосно подготвена за почеток на скрининг процесот кој се очекува да почне идната недела. По неговото завршување, треба да се одржи и втората меѓувладина конференција на која треба да се заврши фазата за оторање на преговорите. Нејзиното одржување, сепак е условено со вметнувањето на Бугарите во македонскиот устав.