Технологијата отсекогаш имала големо влијание врз бизнисот и општеството, но во текот на изминатите неколку години, брзината на создавање нови технологии значително се зголеми.
Дигитализацијата е повеќе од кога било во центарот на вниманието на многу компании. Голем број компании, се уште, не се соочиле со целосните ефекти на дигитализацијата, но полека и сигурно сфаќаат дека дигитализацијата навистина е потребна. Светот секојдневно се менува, со нови технологии кои ги „предизвикуваат“ сите традиционални начини на работа, додека очекувањата на потрошувачите постојано еволуираат.
Постои разлика помеѓу дигитализација и дигитална трансформација. Дигитализацијата е потребна за да се искористи максимумот во контекст на дигиталната трансформација, но дигитализацијата не може да се стави на исто ниво со дигиталната трансформација, што во превод би значело дека дигитализацијата не значи дека Вашиот бизнис ќе доживее дигитална трансформација.
„Дигиталната трансформација е фундаментална реалност за секој бизнис денес. Во дигиталните трансформации, правиме работи за кои не можеме со сигурност да знаеме дали ќе дадат резултати, особено на краток рок. Ова претставува голем залог за иднината на секој бизнис, затоа ние се движиме напред, учиме и се прилагодуваме на патот. Дигиталната трансформација значи удобност, со откажување од работи во кои сме инвестирале и во кои стануваме многу добри кога е потребно, со цел да развиеме нови способности во области кои се надвор од нашата комфор зона. Ова е инвестиција, не само напор“, вели Адриан Блидаруш, основач на ИТ компанијата Softelligence.
Компанијата треба да биде подготвена на големи промени, со оглед на тоа дека дигиталната трансформација вклучува многу повеќе од само користење на дигитални алатки. Потребно е да се работи на целокупната промена на деловното секојдневие и потполно нова организациска култура, отфрлање на традиционалниот пристап и прифаќање на нови начини на работење, раководење, како и зголемена употреба на технологиите за подобрување на искуството на вработените, а најважно од се, задоволување на потрошувачите.
„Поголемиот дел од времето, иновацијата не значи инвестирање во некоја нова „кул“ технологија, туку користење на технологијата за да придонесе некаква вредност. Дигиталната трансформација значи длабоко да го познавате вашиот клиент, да ги персонализирате интеракциите, да разберете што сака клиентот, да знаете што очекуваат и кога тоа го очекуваат“, додава Блидаруш.
Главна трка на секоја компанија е да биде во чекор со потребите на потрошувачите, а дигиталната трансформација е една од многуте промени која навистина помага компанијата да биде победник во таа трка. Моќта на трансформацијата не е во прифаќањето на новите технологии, туку моќта да се разберат однесувањата и искуствата на дигиталните потрошувачи, односно да се инвестира во разбирање на новите, различните, искуства на потрошувачите и соодветна промена на целокупниот однос кон нив за задоволување на нивните потреби. Дигиталната трансформација не треба да го отуѓи бизнисот во сферата на вештачката интелигенција. Провајдерите треба да ги имаат предвид истите вредности како и секој бизнис каде корисникот секогаш е во право и задоволувањето на неговите потреби, а понекогаш и очекувањата водат кон насмевка. Насмевка која покажува успешна услуга.