Главниот обвинител на САД, Вилијам Бар, го анализира извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер и веројатно денеска ќе го објави своето резиме пред Конгресот.
Скоро двегодишната истрага на Малер треба да утврди дали имало руска интервенција во американските претседателски избори во 2016 година и дали изборниот штаб на Доналд Трамп имал контакти со Москва.
Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го извести мнозинството демократи дека ќе се спротивстави на каква било класификација на извештајот на Милер.
Белата куќа, од своја страна, информира синожа дека не го добила извештајот на Малер.
– Следните чекори зависат од јавниот обвинител и со нетрпение чекаме процесот да оди по својот ред, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
Завршувањето на истрагата значи дека нема да има повеќе обвиненија. Во текот на истрагата, Трамп ниту еднаш не беше испрашан од Малер.