Главниот обвинител на Саудиска Арабија побара смртна казна за петмина од 11 обвинети за убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Во Ријад денеска почна судскиот процес против обвинетите за убиството.
Сите 11 обвинети присуствуват во судската сала заедно со адвокатите, јавија саудиски медиуми. Во кусите извештаи на тие медиуми, не се споменуваат имињата на обвинетите.
Кашоги, колумнист на Вашингтон пост, беше убиен на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул.