Три концерти на Свифт во Виена беа откажани поради безбедносни причини.
Главниот осомничен за планирање на нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена наводно имал намера да навлезе со својот автомобил во толпата обожаватели во четвртокот или петокот со цел да убие што повеќе луѓе, покажаа резултатите од истрагата, јави ДПА.
Деветнаесетгодишното момче имало намера да употреби експлозивна направа и ладно оружје во нападот пред стадионот „Ернст Хапел“, каде што требаше да настапи американската суперѕвезда, соопштија истражувачите.
Според полицијата, осомничениот во целост ја признал вината.
Три концерти на Свифт во Виена беа откажани поради безбедносни причини.