Орангутан, кој живее во заштитените шуми во областа Борнео, виден е како се наведнува на брегот на реката, ја протега раката и се обидува да му помогне на човекот кој се наоѓаше во каллива река во потрага по змии.

Овие уникатни слики ги направи аматерскиот фотограф Анил Прабахар од Индонезија, кој бил на сафари со пријателите кога ја видел оваа зачудувачка сцена.

Подоцна, Прабахар дознал дека човекот од реката работи за „Borneo Orangutan Survival Foundation“, непрофитна организација чија цел е заштита на загрозените видови.

Човекот отстранувал змии со намера да ги заштити орангутаните кога бил прекинат од љубопитниот орангутан. Прабахар подоцна открил дека му ја одбил раката, откако фотографот ја спуштил камерата, бидејќи сепак се работи за диво животно.

Според фотографот, некој му кажал на супервизорот на организацијата дека таму има многу змии и тој дошол да ги расчисти грмушките од нив. Орангутанот дошол до брегот на реката и гледал што прави човекот, а потоа се приближил кон него и му ја испружил раката. Супервизорот само се оддалечил.

„Го прашав подоцна зошто“, продолжува фотографот и тој ми рече: „Тоа е диво животно, а не оние кои ги познаеме“.