Платформата GLEY го започна пилот-проектот „GLEY и движи“, оригинален видео-серијал за јога и фитнес подготвен во соработка со етаблираната јога инструкторката Лејла Рамковска. „GLEY и движи“ е серијал со видео содржини, чиј прв дел што моментално се стримува се состои од осум видеа што имаат за цел да ги потсетат и мотивираат стримачите да воведат здрав и активен животен стил во своето секојдневие.
Физичката активност денес е клучен сојузник за одржување на менталната и телесната рамнотежа на секој поединец. Овој проект е одговор токму на таа потреба – да им се овозможи на корисниците на сервисот оригинална содржина за физичка активност во домот, без потреба од скапа опрема или теретана. Стриминг сервисот им нуди на гледачите уникатен пристап – содржина која забавува, но и мотивира и потикнува на движење.
„Само 15 минути се доволни за промена, да го почнете денот со повеќе енергија, за подобро расположение или да се опуштите пред спиење. Ова ќе им овозможи на сите да водат и поквалитетен живот“, – вели Лејла Рамковска, јога инструкторка од „GLEY и движи“.
Покрај Лејла Рамковска во видео серијалот учествуваат уште четворица инструктори и тренери кои ја прошируваат понудата со нови вежби и совети поврзани со женското здравје, емоционалната рамнотежа и физичката активност.
Првиот дел од проектот го сочинуват осум видео содржини со тренинг програми со траење од 15 до 30 минути, кои опфаќаат:
- јога за почетници и активирање на телото наутро
- вежби за болки во грбот
- медитации за намалување на стрес
- кардио-јога за енергија и сила
- јин јога и техники за релаксација
Од тимот на GLEY истакнуваат дека ова е почеток на едно долго и инспиративно патување – за сите што сакаат да живеат подобро. Проектот е дел од стратешката ориентација на GLEY кон поддршка на здрави навики, правејќи чекор понатаму од класичниот стриминг модел. Овој пилот-проект е почеток на поголема иницијатива за оригинална „велнес-содржина“, достапна и прилагодена за сите возрасти и нивоа на физичка подготвеност.
„Повеќе не постојат изговори да не вежбаме. Додека гледате филм или серија, GLEY ќе ве потсети дека и неколку минути физичка активност можат да направат огромна разлика,“ вели Дарко Перушески, извршен директор на СВОД Мастер АД, операторот на платформата GLEY.
До вежбите може да се пристапи од мобилен, компјутер или од телевизор. Независно каде стримачите се наоѓаат – дома, на одмор или во пауза на работа – можат да се поврзат со своето тело и да го подигнат нивото на енергија и благосостојба.
Во свет во кој забавата е постојано достапна, „GLEY и движи“ е потсетник дека грижата за себе е најголемата инвестиција. Без притисок. Без перфекција. Само 15 минути внимание кон себе – со содржина што навистина заслужува внимание.
Повеќе информации и пристап до видеата на:
www.gley.mk