Ана ГЛИГОРОВА

(по повод објавата на токсикологот Беќаровски)

Нико Беќаровски треба да знае, да биде запознае дека оваа група не е инстант измислена од некое малцинство, туку дека оваа група постои две и пол години, и дека администраторите во 2020 година ја издејствуваа опцијата онлајн за сите ученици. Долги преговори во Владата, во МОН (на кои јас не сум присуствувала) резултираа со позитивен фитбек.

Учебната 2020/21 беше реализирана онлајн благодарејќи на оваа група. Имаше и успешна петиција од граѓани кои сакаа онлајн настава.

Докторот треба да знае дека во првото полугодие децата кои присуствуваа физички на наставата се разболуваа многу често, со отворени прозоци и без хигиена на ниво. Побогу, дали се заборави колку од тие деца ја добија болеста па ја донесоа дома, дали од автобус или од клупа па ги заразија домашните. Да броиме жртви како на бојно поле? Треба да знае дека нема тестирања, дека се прикриваат болни, дека добар дел од наставниците се разболеа и тоа со тешки симптоми. Два пати вакцинирани. Дел од децата кои го прележаа ковидот не можат да си ја вратат кондицијата со месеци.

Докторот сигурно знае дека на родителот паѓа трошокот од PCR тестирањето, за кое термин во јавното здравство никогаш нема на време, па мора да се оди по приватни лаборатории и да се плаќа по 2000 денари. Да го споменеше овој грабеж, ќе беше многу добро.

Треба да знае дека децата и родителите имаат право да не се заразат, посебно ако имаат некое хронично заболување, а кај нас и самиот знае колку има лица со кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, чести бронхопневмонии. Многу не има со висок притисок, со астма, канцер. Дали човекот со два бај паса или канцер треба да игра руски рулет со болест која е енигма за врвни светски стручњаци?

Онлајн наставата треба да биде опција и за ученици и за наставници и поголем дел од нив кои имаат проблеми бидејќи живеат во големи семејства, па можат и треба да го искористат законското право на онлајн учење. Тие наставници и ученици кои инсистираат на физичко присуство нека си ги остварат своите права. Знае и дека најголем дел од студентите учат на оналјн принцип, ама молчи.

Да резимирам, оваа група е формирана од чесни, образовани луѓе кои допринеле барем во изминатата школска година да не се заразат плус родители и баби и дедовци. Богами и наставници. Инаку, Грција е членка на ЕУ, со далеку помала смртност од ковид од нас, рекордерите. Имаат тие протоколи, ние имаме само на хартија.

Секое добро, со душа чекаме на крај на оваа пандемија!