Ана ГЛИГОРОВА
Министерката денеска децидно се изрази дека нема потреба за префрлање на децата и наставниците на онлајн настава. Ајде сега малку ВИСТИНА.
Протоколите не се почитуваат, се вадат маски, се зборува и седи во непосредна близина, се кријат заболени деца и од родителите и од школите, и ако ова се докаже некој ќе одговара кривично со казна затвор. Некој светол и убав ден.
Се крие дека има многу деца во изолација, дека има наставници кои се болни, се за да не се шири паника во земјата со најголема смртност во Европа.
На прашањето – Каде е детето?, одоговорот е „нешто носето му тече“. Ниту матичниот бара ПЦР тест, ниту пак потоа разболениот родител е доказ за пренесување на опасна зараза.
Кого имитирате? Знаете ли дека во тие западни држави следат кривични пријави после докажано прикривање на болеста – пријава за родител, училиште, министер кој не праќа инспекции.
Да не зборувам за уценетите деца во некои школи во државава кои се онлајн затоа што имаат свесни родители кои прават сериозна превентива од зараза. Уцената е: Ако не дојдеш усно да одговараш во школо, нема да те оценам!
Се кршат законите за основно и средно образование, за здравствена заштита, се игра со животи, за да им се удоволи на оние кои за ковидот мислат дека е посилен грип. а многу ги има. Докази ќе се соберат, да си немате грижа!
Во модуларната болница во Тетово здрави цивили живи ви изгореа, а сакате ЕУ? Сакате прикривање на болни по училиштата и ЕУ? Лош ви е планот, има мудри луѓе во државава кои ве следат.