Ана ГЛИГОРОВА

Дадов и ќе дадем се што е во моја моќ како граѓански активист, и како човек да се намали опасноста од бесмислените одлуки за физичко присуство на децата во тесните училници, влегување во контаминирано подрачје со вируси, што е злосторство самото по себе. Државата е комплетно неспособна да се справи со големата смртност од една страна и заштитување на своите граѓани со адекватни мерки од друга страна, ги впушта младите и незрели деца да мислат дека ако одат во школо вирусот не е опасен. Кој свадбар се држи до протокол? Ниту еден. Кој ученик, после часови, во дворот ќе се држи до протокол па нема да тера гости со другарчињата од класот после часови? Таква порака праќате. Она стампедо што ќе почне од утре, од возење со преполни автобуси на ЈСП, деца на невереувачи во болеста, кои ќе се однесуваат како што се од дома научени, зборување преку маска која станала партал после еден час, па се до дишење во врат на тој до тебе. Кога за 10 дена ќе имаме заболени родители, баби и дедовци, наставници, што ќе кажете? Добиле од некое друго место?

Утрово мој драг пријател и колега ми пушти аудио снимка како дишел деновите кога имал Ковид во март. Билатерална пневмонија, крчење од белите дробови, ми рече дека лекарите дигале раце, мислеле дека ќе почине секој момент. Подобо да не го слушнев ова, ме следи цел ден. 6000 луѓе умреа борејќи се за здив. Само затоа што се заразиле од некој близок со кој биле во иста просторија, лифт, соба, трпезарија, автобус, спална, од некој со кој биле барем половина час заедно.

Налет школо, налет образование ако е условено со контаминација и психолошки притисок. Тоа е чин на злосторство, не на учење на солидарност и емпатија. Јас ја сакам емпатијата, пред се.

Секогаш на ваша страна, Ана Глигорова!

Ова е објавата на Глигорова на страницата за поддршка на он-лајн настава која брои 15 000 членови!
Зошто не се земаат в предвид вакви разуни аргументи? Веројатно затоа што целта е вирусот да помине низ децата, еден дел од родителите да се натераат да се вакцинираат, а ако попат некој се зарази и почине, тоа ќе биде зашто имал други состојби и зашто доцна дошол на лекар. Совршено злосторство? Кој знае! Ќе видиме!