Телефонскиот број за итна помош во САД (911) е во прекин од утрово во неколку држави по глобалниот прекин на ИТ што ги погоди аеродроми, банки и други бизниси.
Полицијата во Феникс, Аризона, соопшти дека прекинот влијаел на компјутеризираниот диспечерски центар 911 на полициската управа во Феникс.
Проблеми пријавија и во Алјаска и во Њу Хемпшир.