Седум години – од 2015 до 2021 година веројатно ќе бидат најтоплите забележани досега, соопшти Светската метеоролошка организација. Во првите девет месеци од годинава просечната температура била за 1,09 степени Целзиусови повисока отколку во прединдустриската ера.
Оваа година веројатно ќе биде меѓу петтото и седмото место на листата на најтопли години.
Најтопла година досега беше 2016 година.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вели дека извештајот на СМО откри дека планетата се трансформира пред нашите очи и дека двонеделната Конференција на ОН за климатски промени (COP26), што беше отворена денеска во Глазгов, Шкотска, мора да биде пресвртница за човештвото и планетата.