Глумицата и пејачка Кијана – „Кеке“ Палмер ќе биде водителка на претстојната свеченост на доделувањето на Ем-ти-ви видеомузичките награди. Таа тоа го потврди на Инстаграм-профилот.
Претходно беа објавени и веќе потврдените изведувачи кои ќе настапат на шоуто… Тоа се: јужнокорејската поп-група Би-ти-ес, американската раперка Џоџа Кет и колумбискиот регетон-изведувач Џеј Балвин.
Свеченоста треба да се одржи во Барклис центарот во Бруклин, на 30 август. Најмногу номинации имаат Лејди Гага и Аријана Гранде – по девет, а Били Ајлиш и Викенд имаат по шест прилики за награда.