Актуелниот градоначалник на општина Дебарца пред неколку години јавно го изрази својот став во однос на името на нашата земја. Претставувајќи се како неопределен своето мислење го истакнал во колумна во која му се обраќа на тогашниот eвроамбасадор Аиво Орав на кој му замерува зошто при обрајќањето амбасадорот не го спомнал името Македонија, а сега истиот тој кој е составен дел од структурата што е на власт се залага за промена на тоа за него порано „свето име“ а денес како што можеме да заклучиме безначајно!
Според текстот од колумната објавена во 2013 година, јасно може да се види колку е изменет неговиот став во однос на промена на името! Останува да се прашуваме дали градоначалникот Зоран Ногачески за кого претходно „Европската Унија беше минлива категорија, а Македонија вечна“, самоволно го променил својот став или е тоа последица на неговата сегашна функција па мора да биде послушен член на СДСМ почнувајќи уште од 2014 година кога бил избран за претседател на СДСМ на општина Дебарца.
Дали доброволно или под притисок е променет ставот на градоначалникот заклучете сами од содржината на колумната објавена во 2013 година.
„Неколку последователни случувања ме провоцираа да го изнесам овој мој став. Прво беше недобивањето на датум за преговори со Европската Унија во декември, па добивањето на Нобелова награда за мир на истата ЕУ за 2012 година, изјавата на евроамбасадорот Аиво Орав на годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човекови права, медиумските најави за наводното брзо решение за проблемот со името, за на крај чашата да ја прелее повторно истиот евроамбасадор (овој пат не сакам ниту името да му го споменам) кој пред неколку дена во изјава за медиумите за политичката криза во Македонија во ниту еден момент не го спомена името на нашата земја, туку само упорно го повторуваше терминот Вашата земја. Епа, еве ги моите кратки размисли за сите овие настани.
Македонија во декември повторно не доби датум за преговори со Европската Унија. Да бидам искрен и не очекував позитивно решение за Македонија . Европа, таа стара блудница вавилонска повторно си поигра со Македонија и со чувствата на нас, Македонците. И по сто години од историската неправда и делбите на етничкото ткиво на Македонија евробирократите од Брисел немаа доблест барем делумно да ја поправат грешката на нивните претходници и да си ја залечат совеста.
А, само неколку дена пред тоа добија Нобелова награда за мир. Замислете, со својата дискриминаторска политика сакаат да избришат една држава и еден народ, а добиваат награда за мир. Каков апсурд! И не ме чуди што некои од поранешните лауреати на Нобеловата награда за мир одбија да присуствуваат во Стокхолм, на чинот на доделувањето на наградата.
Во декември претставниците на истата таа Европска Унија на големо ја славеа годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човекови права. Во таа пригода Евроамбасадорот во Македонија ќе рече дека човековите права се приоритет за ЕУ. А, дали се запрашал дали тие воопшто ја почитуваат истата таа Декларација на која се повикуваат. Дали прочитале дека основното и универзално човеково право на секој човек и на секој народ запишано во Декларацијата е правото на самоопределба и самоидентификација.
Или кога се повика на човековите права сигурно мислеше на правата на венчавање истополни партнери ( читај педери ), на зоофилијата, инцестите, а не мислел на основното човеково право на самоопределба и самоидентификација. Ако мислел на тие човекови права, тогаш благодарам, не, јас не сум за тие човекови права, бидејќи тоа и всушност не се права, туку една тешка ерозија на моралните човекови вредности и претставуваат сериозна закана за опстанокот на човековиот род.
Врв на цинизмот на евробирократите е изјавата за медиумите на евробирократот Орав кој за името на нашата земја упорно го употребува терминот Вашата земја. Па, во која земја се наоѓате Г-дине евробирократу? Во безимена земја! Ако не сте знаеле или ако не Ви кажале да Ве потсетам името на земјата во која сте Вие амбасадор на ЕУ е Република Македонија или само накратко Македонија. И така ќе биде вечно! Не затоа што така ние сакаме, туку затоа што така било од памтивек и така е запишано во Библијата.
А, Македонија и Македонците не било првпат да го одат трнливиот пат за остварување на своите правдини. Битно е дека треба да се продолжи патот на реформите на македонското општество, не заради ЕУ, туку заради нас самите. Притоа, никако не смеат да се заборават нашите традиционални, демохристијански вредности.
А, името, тоа е наше право, наша самоидентификација и не може и не смее да се даде за влез во некоја европска институција, чија иднина во секој момент може да биде доведена во прашање. Европската унија како бирократска институција кризира и економски и политички, па некои земји-членки како Велика Британија веќе најавија референдум за излегување од неа. Каталонија, Баскија,Северна Италија, Северна Ирска, Шкотска и многу други европски региони го креваат својот глас и ќе го бараат своето место во редот на слободните држави.
Крајно, Европската Унија е минлива категорија, а Македонија е вечна.
Автор: Зоран Ногачески, дипл.правник