Португалскиот десен бек Жоао Кансело кој потпиша за Манчестер сити за 65 милиони евра, во досегашниот тек од сезоната одигра само една минута во дресот на „Граѓаните“.
Кансело дојде од Јувентус, клубот во кој од Сити замина Данило. Оваа трампа требаше да значи место за Кансело во почетниот тим, но тренерот Пеп Гвардиола засега поголема доверба има во Кајл Вокер, и Англичанецот е незаменлив на позицијата десен бек.
Вокер доби лоши оценки за настапот на мечот со Норвич, па Кансело можеби ќе ја дочека својата шанса. Тој единствената минута на терен ја мина во третото коло од Премиерлигата, кога влезе на дуелот со Борнмут. Ако и понатаму не добива шанса, Кансело дефинитивно ќе биде кандидат за најголемо промашување сезонава и најлош трансфер.