Екипата на Наполи ќе биде посилна на утрешниот првенствен натпревар против Аталанта за Калиду Кулибали и Фаузи Гулам, откако и двајцата се враќаат во тимот по прележаниот коронавирус.

Кулибали и Гулам беа позитивни на Ковид-19 на 5 февруари, а нивниот клуб објави на Твитер дека дефанзивците оздравеле од вирусот.

Наполи утре и гостува на Аталанта во Серија А, а тимот на Џенаро Гатузо е во серија слаби резултати и има само една победа на последните пет натпревари во сите натпреварувања.