Претседателот на Движењето Беса, воедно и градоначалник на Општина Тетово, во интервју за весникот ЛАЈМ, изразува оптимизам за обединување на албанската опозиција пред претстојните парламентарни избори.
Тој рече дека последните случувања во ДУИ помагаат за оваа иницијатива.
– Случувањата во ДУИ одат во прилог на зајакнување на опозициската соработка, така што во оваа соработка сме подготвени да ги вклучиме сите оние политички сили кои сметаат дека е неопходно да има ротација на политичка партија по 20 години политичка едногласност или да имаме друга партија или нови политичари кои ја претставуваат новата генерација албански граѓани кои имаат разни неисполнети потреби, поради што ја напуштаат државата – изјави Касами за весникот ЛАЈМ.
Првиот човек на Беса вели дека е време Албанците по две децении да направат промена и да го тргнат од власт првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, кого го спореди со албанскиот комунистички автократ Енвер Хоџа.
– Намерата и целта на ДУИ е да отстрани што е можно повеќе Албанци од државата за да ги контролира малкуте преостанати Албанци и да остане на власт како што Енвер Хоџа владееше со Албанија цели 50 години. Али Ахмети исто така тврди дека со оние Албанци кои ќе останат сиромашни, слаби, свиткани, може да владее како неговиот претходник Енвер Хоџа – изјави Касами.