Комичарката Ребел Вилсон на Твитер се пофали со новиот изглед, за којшто е заслужен нејзиниот тренер, но и здравиот начин на исхрана.
Ребел и најави дека ова ќе биде „година на здравјето”, а според нејзината нова фигура, успеа во тоа. Глумицата има ослабено 45 килограми, иако вишокот килограми долго време беа нејзин заштитен знак.
Уште повеќе, таа нагласи дека не застанува тука.