Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Италијанецот Марко Цечинато на Роланд Гарос во Франција со 3:1.
По водството на Цечинато со 2:0 во сетови, Ѓоковиќ успеа да победи во третиот сет со 3:1 во гемови и да ги врати надежите кај своите навивачи дека може да направи пресврт. Сепак, во четвртиот сет Цечинато повторно беше подобар и со 7:6 (13:11) ја обезбеди победата, а со тоа и влез во полуфиналето.
Со тоа, продлжува агонија на Србинот кој пројави мала надеж дека со францускиот турнир се враќа на големата тенсика сцена, но за тоа очигледно ќе треба да чека друга прилика.