Суперѕвездата на Голден Стејт, Кевин Дурант одржа лесен тренинг со тимот и статусот за претстојниот судир со Торонто беше променет на „под прашање“, што е одлична вест за тимот од Калифорнија.
„Воините“ заостануваат со 1-3 во победи пред да гостуваат во Канада за натпреварот бр.5 утре од 03:00 часот наутро и се сериозно притиснати, па евентуалното враќање на крилото сигурно ќе ги инспирира.
Сепак се зависи од тоа дали Дурант чувствува некаква непријатност во ногата. Во секој случај тој едвај ќе биде во оптимална состојба дури и да игра, откако не бил во натпреварувачки услови повеќе од еден месец.
– Најтешко нешто за еден спортист се повредите. Особено, кога твојот тим игра за титулата. Без разлика дали Кевин сепак е со нас или не, ние треба да се бориме и да му обезбедиме уште малку време, а тоа може да се случи само со победа, рече Клеј Томпсон.
Откако Стив Кер ги води „воините“, екипата само еднаш губел со 1-3 во плејоф серија. Тоа се случи во финалето на Западот против Оклахома Сити во 2016-та, кога тимот од Оукленд направи пресврт до 4-3, но тогаш имаа предност на домашен терен, додека сега ќе треба да победат два пати во Канада, ако сакаат да го повторат тоа.