Кошаркарите на Голден Стејт израмнија на 2-2 во финалната серија од разигрувањето за титулата во НБА лигата, совладувајќи го синоќа на гостински терен Бостон со 107-97.
Гостите до победата ги предводеше Стеф Кари со 43 поени, и процент на шут од поле 14/26, од кои 7/14 за три поени.
Кари се повреди на третиот натпревар во финалната серија кога врз него падна кошаркарот на Бостон, Ал Хорфорд, и беше неизвесен за четвртиот дуел, но откако постигна 12 поени во првата четвртина, беше јасно дека е максимално подготвен му помогне на својот тим.
Најефикасен во редовите на Бостон беше Џејсон Тетјум со 23 поени.
Финалната серија се сели во Сан Франциско со петтиот натпревар, в понеделник.