Голем број медицински сестри работат во болниците и клиниките за 12.000 денари, со договор на дело без здравствено и пензиско осигурување, реагираат од здружението ЗА НАС. Според нив овој начин на работен ангажман е срамен и треба да се укине. Истите тие сестри иако со години работеле во Установата и биле обучени не ги вработувале на конкурсите туку се примале други од надвор.
-Договорот на дело е срамен за сестринството и треба да се укине. Во Агенцијата за вработување има голем број на медицински сестри невработени и тие се токму тие, зошто немаат здравствено и пензиско осигурување, вели м-р Гордана Бешлиовска, претседател на здружението на медицински сестри ЗА НАС.
Од здружението потенцираат дека долгогодишен проблем на сестрите е и непризнавањето на високите школи во многу здравствени установи, а со тоа според систематизација земаат и помали плати затоа многу искусни медицински сестри си одат од јавното здравство или ја напуштаат професијата, а дел од одлучуваат да работат во маркети.
-Ако се примени 200 сестри, 200 напуштиле, некои од нив ја напуштаат работата во здравството и одат да работата во другу сектори, изјави Валентина Несторовска, медицинска сестра во ГОБ “8 септември”.
Здруженијата на медицински сестри потенцираат дека се потребни стратешки програми и да се поделат компетенциите и одговорностите на сестрите во една болница. За ова меѓу другото се разговарало и на вториот конгре со меѓународно учество викендот во Струга.