Голем пожар има во моментов кај росоманското село Манастирец, во опасност се борјата на Голем Љубаш, ридот што се смета дека ги претставува белите дробови на градот Кавадарци.
Од кавадаречката Територијална противпожарна единица, информираат за МИА дека огнот брзо се движи кон Љубаш.
– Собрани се дополнителни тимови, повикани се и пожарникарите кои се на приправност, а тука се и работници од подружницата на „Македонски шуми”. Правиме напори пламените јазици да не ги зафатат борјата, нагласи Александар Чадамов, командир на единицата.