Во зоната на Чернобил во шумската област избувнал пожар од големи размери, а пожарот се проширил на површина од околу 20 хектари, изјави шефот на Киевската регионална воена управа (ОВА), Руслан Кравченко.
„Според оперативните информации на Државната служба за вонредни состојби на Украина во регионот на Киев, избувна пожар во зоната Чернобил на површина од околу 20 хектари. За да се спречи ширењето на пожарот, вклучени се спасувачки единици и опрема. “, објави Кравченко на Фејсбук.
Кравченко изјави дека спасувачите ги преземаат сите неопходни мерки за локализирање на пожарот.
Првиот човек на ОВА нагласил дека подрачната администрација заедно со сите надлежни служби ја држат состојбата под контрола.