Во гаснењето на пожарот кај Гребаштица во моментов учествуваат 148 пожарникари со 56 противпожарни возила, соопштија од Хрватската противпожарна бригада.
Активирани се пожарникарите од окрузите Шибеник-Книн и Сплит-Далмација (јавни противпожарни бригади Сплит и Трогир и доброволни противпожарни бригади „Сплит“, „Каштел Гомилица“ и „Солин“), како и интервентни противпожарни бригади Задар, Сплит и Шибеник и сите пет канадери што сега ги има Хрватска.
„Пожарот се уште не е под контрола на пожарникарите, а силниот ветер го отежнува гаснењето. Се зголемува бројот на ангажирани сили за што поскоро да се локализира“, изјави Славко Туцаковиќ, главниот командант на хрватските противпожарни сили.