Во Белград се одржа голем протест против најавеното отворање на рудници за ископ на литиум. Протестот го организираат еколошки здрушенија на денот на истекот на рокот од 40 дена што и го одредиле на српската влада да го донесе законот за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и Бор во Србија.
На протестите може да се забележат транспаренти со натписи „Србија нема да ја дадеме за јаловина“, „врати го квинталот во Рио Тинто, Србија нема да ја дадеме на провизија“ и други.
Во пресрет на протестот, уапсени беа четворица мажи, под сомнение за предизвикување на насилство на најавениот протест во Белград против рудник за литиум, откао претходно Вучиќ соопшти дека добиле такви безбедносни информации од Русија.
На собирот говреше позната глумица Светлана Бојковиќ која истакна дека ова е исклучиво еколошки собир и нема политички амбиции, но дека власта однапред им припишува дека сакаат да извршат државен удар.
Според неа, во Србија се планирани уште 40 рудници.
„Доказ за тоа веќе има во источна Србија, во Бор, Мајданпек, Жагубица, долината на реката Млава. И прашајте ги луѓето како живеат таму. Што прави фирмата Данди на Хомоље, на врвот на Чок“, рече таа.
Таа посочи дека пред две години власта ги измамила граѓаните дека проектот Јадар е ставен ад акта и дека денес е јасно дека само се купува време и намерата била да се смират граѓаните пред претседателските избори.
„Рио Тинто продолжи со своите бунари и истражувања на почвата во Горњи Недељица, сето тоа време до реактивирање на проектот Јадар. Владата пред две години ја остави настрана Народната иницијатива против ископ на литиум, која ја потпишаа 38.000 граѓани на Србија. А денес како да ѝ веруваме на жестоката кампања што власта ја спроведува за повторно ископ на литиум, кога истата власт или ги игнорира или ги навредува или обвинува сите што не се согласуваат“, рече Бојковиќ.
Таа додаде и дека „изгледа од сите нас се крие дека сме жртвувани како идна валкана рударска колонија и депонија“.
„Тоа нема да го дозволиме! Затоа сме денеска овде да го кренеме гласот, не се согласуваме со тоа и да го браниме опстанокот во нашата земја“, заклучи Бојковиќ.