Пожарникарите во Турција се борат со пожарот, кој е сè поблиску до хотелите и зградите во малиот крајбрежен град Ичмелер кај Мармарис.
Регионалната шумска управа во провинцијата Мугла соопшти дека пожарите предизвикани од силните ветрови и температурите блиску до 40 степени Целзиусови ги загрозуваат хотелот и населбите во Ичмелер.
Турската крајбрежна стража го обезбеди заливот и го прекина водениот сообраќај во областа каде авиони и хеликоптери собираат вода за да помогнат во гаснењето на пожарот.
Црн и бел чад се извиваат во близина на брегот и се приближуваат до населените места, додека капачите гледаат од плажата.