Кандидатот на градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски најави голема генерална на главниот град доколку на локалните избори ја добие довербата од граѓаните.

-Она што ги тишти граѓаните години наназад е нефункционалноста на Комуналната хигиена. Прво со што ќе се зафатам е да направам реорганизација во Комуналното претпријатие и една голема генералка на главниот град. Изминативе четири години како прв човек на Кисела Вода мислам дека покажав дека работите можат поинаку да изгледаат. Решивме многу проблеми кои ги имаат граѓаните, изјави Ѓорѓиевски во гостувањето на Канал 5 телевизија.

Прашан за тоа дали е ова уште едно празно ветување, како на многумина политичари во минатото, Ѓорѓиевски одговори дека од политиката се влегува и се излегува, но најважно за него е образот да остане чист.

-Кога ќе заврши се поврзано со политиката да можам со гордо крената глава да шетам меѓу сограѓаните. Нема ништо подрагоцено од тоа, дециден е Ѓорѓиевски.