Славните огромни црвени гаќи какви што во 2015 година 45 минути се вееја на Прашкиот дворец наместо државното знаме, се закачени на фасадата на „Ред галери“ во Лондон како симбол на сите политичари популисти кои на евтини теми собираат поени кај гласачите.

Лондонската „Црвена галерија“ со црвените гаќи од перформансот на чешката алтернативна уметничка група „Зтоховен“ се простува од публиката затоа што на нејзино место ќе биде изграден хотел.

Галеријата ги одбрала групата „Зтоховен“ и „гаќите на Земан“ кои чешкиот претседател во јуни демонстративно ги запали, како симбол на популизмот во постмодерната политика и за да изрази поддршка на чешката авангарда со оглед на тоа што седиштето на чехословачката влада во егзил во текот на Втората светска војна било во Лондон.

„Реакциите се позитивни со оглед на тоа што политичката ситуација е слична во многу земји, не само во Чешка. Луѓето како Земан, односно политичарите популисти кои користат евтини теми да ги придобијат гласачите, е светски тренд. Од црвените гаќи сакам да направам светски симбол за валкан веш“, рекол кустосот Јарослав Крампол.
По Лондон, гаќите ќе патуваат како уметнички експонат на фестивал во Чешка, а Крампол преговара да бидат закачени и во Њујорк за американскиот претседател Доналд Трамп.
Тројца уметници во септември 2015 година го искористија реновирањето на претседателскиот замок во Прага и преправени во оџачари се качија на покривот и на местото на државното знаме, поставија црвени гаќи.