Според податоци на полицијата, на протестите учествувале 21 000 луѓе.

Над 60 леви партии, здруженија и синдикати, протестираа во низа француски градови против политиката на францускиот претседател Емнуел Макрон, кој стапи на должност пред една година, објави Франс прес.

На протестите во Париз, учествувале 21 000 луѓе. Триесетмина биле уапсени поради нарушување на редот и мирот. Според полицијата, во Лион учествувале 1 200 лица, во Гренобл 1 900, а во Монпеље 2 000 лица.

Демонстрантите го критикуваат претседателот дека реформите се шокови и дека е одговорен за отстапување во социјалниот сектор.

„Им се даваат подароци на најбогатите, во Елисејската плата ги канат шефовите на компаниите кои не си ги плаќаат даноците, се намалуваат пензиите“, изјавил генералниот секретар на еден од највлијателните синдикати, Филип Мартинез.

На протестите учествувала и партијата „Непокорена Франција“ на Жан Лук Меланшон, кој беше и претседателски кандидат.

Според него, голем проблем е недостатокот на полицајци во ризичните реони, недостигот на персонал во болниците и ограничениот прием на универзитетите.

„Не ви веруваме зашто лажете“, изјавил Меланшон, додавајќи дека во текот на владеењето на Макрон, властите направиле за богатите даночни отстапки од 4,5 милијарди евра, кои можеле да се инвестираат во болниците.