Пет луѓе загинаа и стотици се евакуирани заради големи поплави во Чиле и Перу.
Во чилеанската област Атакама реки се излеаја и поплавија станбени реони. Голем број патишта се оштетени и тоа спречува доставување храна за населението.
Во Перу поројни дождови и лизгање земјиште причинија смрт на пет луѓе и оставија стотици други без домови во изминатата недела. Оштетени се патишта, мостови, куќи, медицински центри и училишта.