Големите панди веќе не се на списокот загрозени видови, но сепак, сѐ уште се ранливи, соопштија денеска кинеските власти. Класификацијата е променета затоа што бројот на големи панди во дивината достигнал 1.800 единки.
Стручњаците веруваат дека Кина успеала да ги спаси овие животни благодарение на долгорочните напори за зачувување, кои вклучваат и проширувањето на нивното живеалиште.
Кина ги смета големите панди за национално богатство, но исто така, „ги позајмува“ и на други земји како „дипломатска алатка“.
Меѓународната унија за зачувување на природата (ИУЦН) во 2016 година ги отстрани големите панди од списокот загрозени видови и ги обележа како ранлив вид. Кинеските власти, сепак, тогаш ја оспорија одлуката, нагласувајќи дека тоа може да ги ослаби напорите за зачувување.