По веста за претрпениот срцев удар, на адреса на легендарниот шпански голман Икер Касиљас преку социјалните мрежи доаѓа поддршка од клубови, фудбалери, навивачи, спортски работници,…
-Многу љубов од Рома!
-Брзо оздравување од Челзи!
-Се најдобро за мојот пријател Икер, напиша Герет Бејл.
-Најдобри желби и брзо враќање на Икер Касиљас му посака Манчестер Сити.
-Сакаме Икер Касилас брзо да закрепне. Тој е вистински борец и спортист, стои во постот на Борусија Дортмунд.
Такви и слични желби за надминување на состојбата на Касиљас му посакаа и Месут Озил од Арсенал, ФК Ливерпул, шпанската Примера, Барселона и многу други.
Од Порто објавија дека животот на 37-годишниот Икер Касиљас не е во опасност. Тој брани за португалскиот клуб од 2015 година. Претходно беше дел од Реал Мадрид каде се стекна со голема слава.
Прославениот шпански голман и член на Порто, завршил во болница поради срцев удар претрпен денеска во утрински часови. Касиљас најголем дел од кариерата ја помина во Реал Мадрид каде доживеа голема слава. Од Мадрид кариерата ја продолжи во соседна Португалија во редовите на Порто.
Триесет и седумгодишниот Касиљас најверојатно ќе биде опериран во скоро време. Продолжувањето на неговата кариера е доведено во прашање.