Голманот на Холандија, Јаспер Цилесен, е позитивен на коронавирус и нема да патува со националниот тим во тренинг базата во Португалија пред Европското првенство на кое на 21 јуни во Амстердам ги очекува дуелот со македонската репрезентација.

Чуварот на мрежата на шпанскиот прволигаш Валенсија нема симптоми на болеста, а лекарскиот тим на холандскиот состав внимателно ја следи неговата здравствена состојба

Холандската фудбалската федерација соопшти дека Цилесен ќе и се приклучи на репрезентацијата веднаш штом ќе добие дозвола од лекарите.

Пред дуелот со македонскиот состав, Холандија на претсојното Еуро2020 ќе игра против Украина, на 13 јуни, и Австрија четири денови подоцна. Сите три натпревари во рамки на групата Ц Холандија ќе ги игра на домашен терен во Амстердам.