Швеѓанецот, Златан Ибрахимовиќ оваа сезона во дресот на Лос Анџелес Галакси во американската МЛС-лига постигна 22 погодоци, а еден ќе остане запаметен засекогаш.
Имено, популарниоt Ибракадабра на своето деби во најсилната фудбалска лига во САД постигна извонреден погодок, кој на крајот беше и прогласен за најубав во тековната сезона.
Погледнете го голот на Ибрахимовиќ, кој без сомнение, освен во МЛС е еден од најубавите голови и во светот годинава:
LA Galaxy’s Zlatan Ibrahimovic claims 2018 AT&T Goal of the Year. #MLS2018 #LAGalaxy #Zlatan pic.twitter.com/xs08IDGGRx
— DSport (@DSportINLive) November 14, 2018