Колку е горчлив животот во Македонија почувствува и македонската ѕвезда Атиџе Муратова од документарниот филм Медена земја, кој беше во сериозна конкуренција за Оскар.
Тогаш сите и аплаудираа, властите и ветуваа, а само по нецела година од нејзиниот престој во Холивуд, во родната Македонија во тек е граѓанска акција за да и се помогне.
За Атиџе од Медна земја во тек е донаторска акција, на која веќе се собрани 2.000 долари.
На социјалните мрежи околу една недела се споделува линкот за донации на страницата Gofundme, и веќе биле собрани околу 2.000 долари.
Во објавата е наведено дека целта на акцијата е да се соберат 5.000 долари за помош на Атиџе.