Пожар на отворено избувнал утрово на регионалната депонија Русино.
Огнот зафатил отпад и други запалливи материи и од местото се шири чад и миризба што се чувствува во градот и околните населби.
Од јавното комунално претпријатие “Комуналец”, кое управува со депонијата потврдија дека има оган на дел што е на непристапен терен. Тоа го пријавиле во територијалната противпожарна единица.
Гаснењето е отежнато, бидејќи како што ги информирале, патот по кој треба да дојдат камионите во моментов се реконструира и се поставува асфалт.
Според најавите гаснењето на огнот на депонијата, најверојатно ќе започне попладнево.