Во Индија гостин наводно успеал да престојува во хотел со пет ѕвезди во главниот град Њу Делхи речиси две години, без да ја плати сметката, објави Би-би-си.

Полицијата добила поплака од менаџерот на хотелот „Розат хаус“, лоциран во близина на аеродромот во Делхи, откако тој ја открил очигледната измама по 603 дена од престојот на човекот во хотелот.

Наводно, тој му должи на хотелот повеќе од 70.000 долари.

Во жалбата се наведува дека човекот се договарал со персоналот, кој помогнал да се скријат сметките и никој не бил уапсен.

Иако случајот беше пријавен во полицијата во Делхи на 24 мај, деталите во локалните медиуми се појавија дури неодамна.

Неименуваниот маж се пријавил во хотелот на 30 мај 2019 година откако резервирал соба за една ноќ и останал таму до 22 јануари 2022 година, објави весникот „Индијан експрес“.

Според извештаите, иако гостинот не платил, еден од персоналот на хотелот наводно го продолжил престојот со „мешање на сметките на другите гости“.

„Според правилата на хотелот, доколку гостинот му должи повеќе од 600 долари на хотелот, персоналот мора да ги извести претпоставените и да го натера гостинот да плати. Сепак, тоа не е направен“, изјавил за весникот висок полициски службеник.