Непознати сторители извршиле тешка кражба тешка кражба во манастирскиот комплекс „Свети Илија“ во гостиварско Долно Јеловце.
Од СВР Тетово информираат дека кражбата се случила минатата недела, а била пријавена вчера.
Крадците, откако насилно ја отвориле влезната врата од угостителскиот објект „Конак“ што е дел од комплексот, одзеле телевизор, угостителска опрема и други предмети. Од кутијата за доброволни прилози од верниците, поставена во непосредна близина одземени се и парични средства.
Извршен е увид и се работи на откривање на сторителите.