На социјалните мрежи се прошири фотографија од возило, со гостиварски регистерски таблици, кое поминува по Камениот мост во центарот на Скопје.
Ваквиот негов потег наиде на негодување кај граѓаните, кои, според објавите, очекуваат Министерството за внатрешни работи да реагира.
Возењето со автомобили по плоштадот Македонија и по Камениот мост, како и од мостот кон скопската чаршија е забрнето веќе со години. Оттука, зачудува дрскоста на овој возач, бидејќи не постои причина што може да ја замислите, дури ни итна, која би можела да го натера на ваков чекор.