Драмски театар-Скопје со претставата „Партија реми“ утревечер ќе учествува на Денови на македонската култура во Торонто, кои секоја година ги организира „Македонско театарско ќоше“.

Целта на оваа организација од Канада е да ја промовира македонската култура на американскиот континент.

Во претставата играат Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ-Пановска. Автор на текстот е Доналд Ли Кобурн, добитник на Пулицеровата награда, а режисер е Виолета Џолева.

Со претставата „Како да се ограби банка“, пак, Драмски театар утревечер ќе учествува на 11. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, во Центарот за култура од 20 часот.

Режисер на оваа претстава е  Иван Манасковски, а учествуваат актерите: Лазе Манасковски, Марија Кондовска, Гоце Тодоровски, Симон Манасковски, Катерина Шехтанска-Лаковски, Калина Наумовска и Игор Георгиев.