Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека е одушевена од состанокот со српската премиерка Ана Брнабиќ во Берлин, пренесе Б92.
Таа оцени дека нивната прва средба била извонредна и додаде дека тоа го вели „без оглед на тоа дали за ова во Хрватска некој ќе и забележи или не“.
– Таа е една многу реална жена, многу вредна, многу и се важни хрватско – српските односи и се надевам дека ќе продолжиме во тој правец, за да продолжиме со решавање на прашањата во југоисточна Европа, наведува Китаровиќ Грабар.
Како што пренесува РТЛ, хрватската претседателка истакнала дека во прилог на процесот за помирување би било добро и кога Милорад Пуповац би дошол на комеморацијата во Вуковар.
– Ја да сум на негово место би го сторила тоа, вели хрватската претседателка.