Невремето што синоќа го зафати регионот на Росоман проследено со град направи штета на грозјето и парските.
– Штетата е голема, оштетувањата според нас се стопроцентни кај лозјата и педесет отсто кај праските. Нема зборови со кои можеме да опишеме како се чувствуваме. И фотографиите кажуваат. Ги молиме надлежните да излезат на терен и да ги проценат штетите, речеВиктор Стојанов од Дебриште.
Драганчо Николов, советник во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Кавадарци, потврди дека штети има во атарите на росоманските Дебриште, Камен Дол и Манастирец. Рече дека уште денеска ќе излезат на терен за да ги согледаат состојбите и да им дадат препораки на оштетените.с