Денес фатен нов див приклучок на вода и изготвена е кривична пријава за сторителот, кој во општина Сарај незаконски се приклучил на мрежата за питка вода да си ги наводнува на неколку илјади метри квадратни пластениците.
Поради случаи како овој, каде не само што се оштетуваат граѓаните кои се соочени со сериозен недостаток на притисок во урбаните и руралните средини и недостаток на вода, туку и се избегнува плаќање вода од илјадници евра која ја трошел, оштетувајќи го и ЈП Водовод и канализација Скопје.
Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатирана е енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови. Конкретно во јуни годинава дневната потрошувачка на водс во одредени денови изнесувала рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700l вода по глава на жител.
Потрошувачката е предизвикана од трошење на вода без усул за полевање на ниви, за перење возила, полнење на базени. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот и на квалитетот на водоснабдувањето.
Одделение за односи со јавност на Град Скопје