Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, екипите на Град Скопје деновиве ги чистеа видиковците, јавните зелени површини на излетничките места и во парковите.
Градот Скопје апелира до граѓаните, при посетата на излетничките места, како и на градските паркови, да се придржуваат на комуналниот ред и воспоставените забрани за палење оган и приготвување скара на отворени површини, да не фрлаат отпад и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема.
Ова особено важи на местата како што се: Парк–шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, кањонот Матка и други излетнички места.