Покрај секоја садница домати може да засадите три садници босилек. Ако ги берете редовно врвовите на босилекот, ќе се разгранат и ќе произведат ароматични листови, а нема прерано да се претворат во цвет.

Според искуствата кои ги споделиле градинарите, и невенот на доматот делува како природна заштита односно го прави неговиот род поуспешен.

Невенот воедно е и лековита билка, Добар за доматот е и лукот кој ги одбива црвените пајаци, пишува 24сата.хр

Покрај доматот добро е да се засади и грав затоа што добро го фиксира тлото и на коренот на доматот му служи како природно ѓубриво. Грашокот сепак не треба да се сади крај доматот, бидејќи може да се вплете околу него и да го загуши. Морковот поволно делува на доматот, но посаден под него ќе создаде ситни корени.

Лоши за доматот се компирите, краставиците, бидејќи нивните корења лошо влијаат врз растот на доматот.